Достапни линкови

logo-print

Црвенковски во Брисел се сретна со Схефер, Рен и Солана


Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО, но за да стане и формално дел од Алијансата треба да се реши спорот за името со Грција, истакна генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер на денешната средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, кој е во посета на Брисел со првите луѓе на НАТО и ЕУ, пред заминувањето од функцијата. Схефер упати апел до двете страни да се воздржат од националистички изјави кои не создаваат добрососедски односи и атмосфера за решавање на спорот, пренесува МИА. Црвенковски пак со надеж дека преговорите за изнаоѓање компромисно решение наскоро ќе се интензивираат по подолг период на застој. Македонскиот претседател во Брисел се сретна и со еврокомесарот Оли Рен кој порача дека визната либерализација за Македонија е се поизвесна, и побара исполнување на осумтте критериуми за отпочнување на пристапните преговори. Претходно, Црвенковски се сретна и со високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана.
XS
SM
MD
LG