Достапни линкови

Прв сомнителен случај на свински грип на Балканот?


Агенциите јавуваат за прв сомнителен случај од вирусот на свински грип на Балканот. Хрватските здравствени власти соопштија дека во карантин поради сомнителност за заразеност со вирусот, е ставена 22 годишна девојка која престојувала во Соединетите Држави. Инаку денеска во Соединетите Држави, е потврден прв смртен случај од вирусот на свински грип. Во Тексас починало две годишно дете. Американскиот претседател Барак Обама порача дека владата ќе стори се што е потребно за да се спречи ширењето на вирусот во земјата. Ова очигледно е сериозна ситуација, доволно сериозна за да се преземат максимални мерки на претпазливост, рече Обама кој исто така додаде дека училиштата каде има потврдени случаи од вирусот треба сериозно да ја разгледаат можноста за прекин на наставата. Најпогодена земја од вирусот на свински грип е Мексико, каде досега починаа околу 160 лица.
XS
SM
MD
LG