Достапни линкови

logo-print

Русија и Украина не постигнаа договор околу енергетските прашања


Русија и Украина денеска не успеаа да постигнат согласност околу енергетскиот договор, откако Украина не успеа да даде гаранции, дека ќе ја покани Москва да учествува во проектот за обновување на гасоводот планиран меѓу Киев и Европската Унија. Повеќе од три часа траеше денешната средба во Москва меѓу рускиот премиер Владимир Путин и премиерот на Украина Јулија Тимошенко. Путин изјави дека разговорите ќе продолжат. Москва се противи на договорот меѓу Украина и ЕУ за модернизација на украинскиот гасовод, бидејќи во планот не е вклучена и Русија.
XS
SM
MD
LG