Достапни линкови

Можен ли е соживот во ,,поделената“ Косовска Митровица?


Трупи на КФОР во Косовска Митровица

Трупи на КФОР во Косовска Митровица

Деновиве српското население одржува протести спротивставувајќи се обновувањето на албански куќи во северниот дел од Косовска Митровица. Десет години од конфликтот на Косово, Косовска Митровица сеуште е поделен град - на северен претежно српски и јужен, албански дел.

Обновувањето на албанските домови, што деновиве предизвика протести во српското население од Браѓани повторно ја наметнува дилемата возможен ли е воопшто соживотот во Косовска Митровица. Според разговорот со граѓаните и од северниот и од јужниот дел на градот, евентуален соживот засега е невозможен и сметаат дека Косовска Митровица уште долго ќе остане поделен град. Јован Николиќ србин од северниот дел на Косовска Митровица, сака нормализирање на состојбата под која подразбира, град исклучиво населен со српско население:

„Мене овој град ми делува смешно, поделено... Би сакал нормализирање на состојбата. Значи би сакал градот да биде српски, бидејќи ако се земе предвид процентот на население според етничка припадност тогаш навистина треба да биде српски град, бидејќи соживотот е невозможен. Иако доколку останат овде да живеаат шверцерите срби и албанци, тогаш соживотот е можен, бидејќи толку добро соработуваат што човек може да им позавиди.“

Во врска со обидите за обновување на албанските куќи во северниот дел од Косовска Митровица, Николиќ додава:

„Нема проблем доколку треба да се вратат нека се вратат, но истото да важи и за србите, а не нивното враќање да биде само на хартија за разлика од Албанците.“

Бека Абази пак, албанец од јужниот дел на Косовска Митровица вели дека соживотот е можен доколку за тоа постигнат договор нивните претставници. Го посетува северниот дел од градот, но сеуште не слободно:

„Бидејќи пред војната работев како новинар, и денеска можам со моите колеги да се видам. Но, иако имам стан во северна Митровица, навистина не би можел да одам таму, бидејќи знам дека иако станот е мој, можеби би создал некој проблем. Исто така незнам ниту кога би можел да се вратам.“

Енеса Петровиќ пак додава:

„Сметам дека ова враќање на албанците во северниот дел од Косовска Митровица, е провокација која некому одговара. Што се однесува до мене, градот може да остане поделен и негледам можност за соживот. Јас сум муслиманка мажена за србин, но не би живеела во јужниот дел од градот. Таму никогаш не би се чувствувала безбедно, а верувам дека ниту албанците тука не би се чувствувале така.“

посочува Енеса Петровиќ.
XS
SM
MD
LG