Достапни линкови

Членството во ЕУ највисок приоритет за Македонија


Црвенковски и Рен во Брисел

Црвенковски и Рен во Брисел

Со уверување дека Македонија останува посветена на определбата за евроинтегрирање, претседателот Бранко Црвенковски ја оствари средбата со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Брисел. По средбата Црвенковски му се заблагодари на Солана за соработката во изминатите десет години и порача дека Македонија има доволно политичка волја и институционален капацитет во наредните шест месеци да ги исполни стандардите кои се потребни за отпочнување преговори со Унијата.

„Нашата интеграција во ЕУ останува и натаму највисок приоритет, ние сме фокусирани на следниот чекор во тој процес, а тоа е добивање датум за почеток на пристапните преговори.“

Потенцирајќи дека спорот со името е важно прашање кое треба да се реши, Солана сепак потврдил дека Европската Унија сотанува отворена за проширување со земјите од Западен Балкан. До крајот на денот Црвенковски треба да се сретне и со еврокомесарот за проширување Оли Рен и генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Схефер на кои како што соопштуваат од неговиот кабинет ќе им
Нашата интеграција во ЕУ останува и натаму највисок приоритет, ние сме фокусирани на следниот чекор во тој процес, а тоа е добивање датум за почеток на пристапните преговори
го пренесе расположението на македонскиот народ во поглед на евроинтеграциите, уверувајќи ги дека македонските институции остануваат посветени на тој процес. Но, по последните критики од Европската Комисија во однос на спорот меѓу владата и ЕВН како и предупредувањата дека Унијата вниматено го следи развојот на настаните со Уставниот Суд од аспект на независноста на судството, експертите велат дека Брисел има право да биде незадоволен од резултатите кои досега ги постигнавме.

„Политичкиот дијалог, реформата на судството, ние имаме катастрофално судство, полошо од порано. Државната администрација, слободата на медиумите, демократизирањето на општеството, манипулацијата со луѓето и ред други прашања. Затоа е тешко да изберат кои прашања да ги третираат како приоритет во однос на нас.“

Вели проф. Мерсел Биљали
Многу е веројатно дека на земјава повторно ќе и биде препорачано да го реши спорот со името со Грција како приоритет во евроинтегрициите, вели аналитичарот Никола Дујовски.

„Препораките се дека Република Македонија треба да продолжи да ги исполнува политичкиот дел од критериумите, односно борбата против организираниот криминал, зајакнувањето на капацитетите на администрацијата и некои други прашања. Остана спорот со една од земјите членки што Македонија го има.“

Какви и да се пораките од Унијата, експертите посочуваат дека власта треба да знае да ги прочита и да посветено да работи во правец на исполнување на евроатланските аспирации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG