Достапни линкови

logo-print

Срам за македонскиот фудбал


Претседателот на УЕФА, Мишел Платини

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини

По случајот со фудбалскиот клуб Победа за лажирање на натпревари, спортистите и љубителите на фудбалот едногласни - „местењето“ мора да престане

Фудбалскиот клуб Победа пред десетина дена му го нанесе најголемиот срам на македонскиот спорт. Имено, европската куќа на фудбалот по собрани изјави за лажирање на мечот со Пјуник, од квалификациите во Лигата на шампионите пред пет години, на Победа и изрече осум годишна суспензија од евро куповите, а претседателот Александар Забрчанец и тогашниот капитен Николче Здравески доживотно ги отстрани од најважната споредна работа на светот.
Шокантна казна, за која од фудбалската федерација на Македонија се уште нема официјален коментар. Тоа се очекува по одговорот на УЕФА на жалбата на прилепчани, за кога од ФФМ уверуваат дека ќе ја прифатат конечната одлука.
Таков е ставот скоро на сите инволвирани во мак фудбалот, каде што е општо мислењето дека ова е голем удар не само за Победа.

„Ова за македонскиот фудбал преставува голем срам и тешко за многу години нешто да поправиме, далеку сме од Европа.“

Изјави фудбалерот со најмногу настапи за Вардар, Кочо Димитровски, додека за поранешниот репрезентативец, а сега технички директор на Пелистер - Ванчо Мицевски, ова е резултат на случувањата околу фудбалот. Односно, фудбалот е заложник на обложувалниците, а сите се преокупирани со заработка од типување на средбите. Тоа сепак, не ја уништува надежта дека УЕФА ќе ја
Ова за македонскиот фудбал преставува голем срам и тешко за многу години нешто да поправиме, далеку сме од Европа
укине суспензијата на Победа, но овој скандал го наметнува прашањето како да се спречи лажирањето натпревари? Според Мицевски:

„Треба во корен да се сузбие тоа, дома да почне да се работи. Има и луѓе професионалци, и институции за борба против овој, мене ми личи на организиран криминал. Треба да се активираат сите и да се спречи ова под итно.“

Вели Мицевски, а за Димитровски подобри денови за фудбалот ќе дојдат кога на место кај мешетарите, клубовите ќе бидат во рацете на фудбалските луѓе. Овие размислувања се присутни и кај љубителите на фудбалот, иако тие се свесни дека е многу тешко да се води борба против девијантни појави присутни скоро во сите земји во светот. Сепак, за средувањето на нашиот двор:

„Треба во клубовите да владеат луѓе кои што се спортски работници, а не оние што имаат само финансиски интереси.

„Овие работи оддамна функционираат во Македонија и треба конечно да се стави ред.“

„Треба посилни казни, а и фудбалерите да се санкционираат.“

Изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG