Достапни линкови

Спречен протест на млекарите во Битола


Протести на млекопроизводителите во Битола

Протести на млекопроизводителите во Битола

Агонијата на фармерите поради неплатениот долг од млекарницата Сведмилк и натаму продолжува. Тие реагираат дека полицијата ги спречува да протестираат и обвинуваат дека власта врши притисок врз нив

Полицијата ги спречи пелагониските фармери преку протести и блокада на патиштата во Битола да го изразат својот револт за
Гледате какви притисоци имаме, почна да не турка полицијата насилно да не отстрани од патот. Дојдоа 200 полицајци на 50 кооперанти.
неисплатеното млеко од млекарницата Сведмилк. Полицајците присилно ги истуркаа фармерите, од магистралниот пат Битола-Скопје, со што ги растурија нивните блокади и дозволија патниот сообрајќај да протече без проблеми. Ваквите мерки млекарите ги доживеаја како притисоци од власта и обид да се замолчат. Ова е удар за македонската демократија зашто полицијата го задуши нашето право по мирен пат да го изразиме незадоволството од млечната криза, обвини Душко Илиевски, сточар од Битола.

Полицијата не му дозволува на млекопроизводител да протестира
„Гледате какви притисоци имаме, почна да не турка полицијата насилно да не отстрани од патот. Дојдоа 200 полицајци на 50 кооперанти. Не ги пуштат кооперантите да дојдат на протестот, застанати се на излезите од селата со автомобили и трактори. Не дозволуваат со мирен протест да го искажеме нашиот револот за парите што ни се украдени. Не туркаа, не пцуеа, ќе не носеле на суд, в затвор. Ние најавивме дека е ова граѓанска непослушност, во кој закон стои да мора да го најавиме ваквиот протест. Каде се украдените пари? УЈП не се произнесе, судот не се произнесе. Гордана Јанкуловска да види дали има криминал, а не да ги пушта полицајците насилно да не туркаат“

изјави Душко Илиевски, фармер од Битола.
Фармерите се пожалија дека притисоците започнале рано утрото, кога полицаијци биле поставени на излезите од околните села и не ги пропуштиле да поминат со земјоделската механизација. Им напишале прекршочни казни од по 500 евра заради нерегистрирани
Ова го немаше ни во турско, 500 години владееа Турците и ваков проблем немаше. Да те украдат и да ти наредват што да правиш. Да и е срам прво на полицијата како се однесуваат, зеле камери и не снимаат
трактори.

„Ни барат возачки и сообрајќајни иако не ни даваа претходно да ги регистрираме тракторите зашто биле неисправни. Колку да биде поголем притисокот од овој. Ова го немаше ни во турско, 500 години владееа Турците и ваков проблем немаше. Да те украдат и да ти наредват што да правиш. Да и е срам прво на полицијата како се однесуваат, зеле камери и не снимаат.“

изјави Зоранчо Гулевски, фармер од Битолско.
Сведмилк 9 месеци не го исплатила млекото и по тој основ должи над 4 милиони евра. Малечната криза го уништи сточарството во Пелагонија. Освен што се коле сточниот фонд, фармерите немаат пари ни за пролетната сеидба.

„ Ако нема сеидба, нема ни крави наесен, па ако сакаат нека јадат брашно мешано со вода, нека му е аирлија. Ние ќе ги продадеме кравите и ќе куртулиме.“

вели Злате Тодоровски од село Долно Оризари.
Од битолската полиција изјавија дека само ги замолиле фармерите да се тргнат од магистралниот пат. Велат дека ги спроведувале законите за јавни собири и безбедност во сообрајќајот, според кои казниво е да се блокираат магистрални патишта. По растурањето на блокадите фармерите заминаа на протести пред битолската општина.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG