Достапни линкови

Црвенковски во Брисел


Претседателот Бранко Црвенковски и Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Претседателот Бранко Црвенковски и Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски пред завршувањето на мандатот уште еднаш во седиштето на ЕУ и НАТО. Македонија останува посветена на определбата за интегрирање во евроатланските структури е пораката што тој ќе ја пренесе на лидерите на ЕУ и НАТО

Македонија останува посветена на определбата за интегрирање во евроатланските структури и ќе продолжи да работи во тој правец. Со ваква порака пред крајот на мандатот во Брисел замина претседателот Бранко Црвенковски, на средба со клучните луѓе во Европската Унија и НАТО. Од неговиот кабинет велат дека оваа посета е дел од меѓународната активност на претседателот. Црвенковски велат
Препораките се дека Република Македонија треба да продолжи да ги исполнува политичкиот дел од критериумите, односно борбата против организираниот криминал, зајакнувањето на капацитетите на администрацијата и некои други прашања. Остана спорот со една од земјите членки што Македонија го има
оттаму ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оли Рен, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер и ним ќе им го пренесе расположението на македонскиот народ во поглед на евроинтеграциите, уверувајќи ги дека македонските институции остануваат посветени на тој процес и оти ќе се трудиме да ги исполниме сите осум критериуми за влез во Унијата, без да создаваме услови за нов, дополнителен критериум. На крајот велат од претседателскиот кабинет, шефот на државата ќе се заблагодари за досегашната соработка со челниците на Унијата и НАТО и нивната поддршка во процесот на нашето евроинтегрирање.

Но, по последните критики од Европската Комисија во однос на спорот меѓу владата и ЕВН како и предупредувањата дека Унијата вниматено го следи развојот на настаните со уставниот суд од аспект на независноста на судството, експертите велат дека Брисел има право да биде незадоволен од резултатите кои досега ги постигнавме.

„Политичкиот дијалог, реформата на судството, ние имаме катастрофално судство, полошо од порано. Државната администрација, слободата на медиумите, демократизирањето на општеството, манипулацијата со луѓето и ред други прашања. Затоа е тешко да изберат кои прашања да ги третираат како приоритет во однос на нас,“

вели проф. Мерсел Биљали

Многу е веројатно дека на земјава повторно ќе и биде препорачано да го реши спорот со името со Грција како приоритет во евроинтегрициите, вели аналитичарот Никола Дујовски.

„Препораките се дека Република Македонија треба да продолжи да ги исполнува политичкиот дел од критериумите, односно борбата против организираниот криминал, зајакнувањето на капацитетите на администрацијата и некои други прашања. Остана спорот со една од земјите членки што Македонија го има.“

Какви и да се пораките од Унијата, експертите посочуваат дека власта треба да знае да ги прочита и да посветено да работи во правец на исполнување на евроатланските аспирации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG