Достапни линкови

Руралните општини немаат пари


Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски

Градоначалниците и експертите согласни дека законот за финансирање на локалната самоуправа е поставен на добри основи. Сепак, велат тие, потребен е закон за самофинансирање за подобрување на финансиската слика на општините

На најголем дел од општините, особено на оние руралните, не им се доволни парите за самофинансирање се согласуваат и градоначалниците и експертите. Тие велат дека Законот за финансирање на заедниците за локална самоуправа, е поставен на добри основи, но гледаат недоследностите да ги решат со измени на законите кои се тесно поврзани со законот за самофинансирање. Горан Ангелов поранешен претседател на ЗЕЛС и експерт за локална самоуправа вели дека со законот за градежно земјиште ќе се подобри финансиската состојба на општините.
На пример, законот за градежно земјиште, 80 посто од цената на продажното земјиште во Република Македонија ќе оди во општината на чија територија е продадено градежното земјиште


„На пример, законот за градежно земјиште, 80 посто од цената на продажното земјиште во Република Македонија ќе оди во општината на чија територија е продадено градежното земјиште,“

вели Ангелов и додава дека општините треба да си побараат дополнителни начини за финансирање. Тие можат да се надеваат на парите од концесија на шумите, водите и земјоделското земјиште кое го има во изобилство во селските средини. А треба да се оди и на зголемување на делот од данокот на додадена вредност, од сегашните три на шест проценти.

Сегашниот претседател на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Скопје, Коце Трајановски вели дека процесот на децентрализација се одвива добро, но сепак треба сеуште да се работи:

„Значи, поголеми активности околку нови надлежности на единиците на локална самоуправа и нови извори на приходи. За општините да може да опстанат и да имаат развојна компонента. И нормално, во наредниот период треба да се реши проблемот со општините кои имаат блокирана сметка по разни основи.“

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека со општината подобро се менаџира сега, за разлика од порано:

„Ефектите народот ги препознава, особено во наменските средства, во образованието, градиниките, старачките домови и културните институции,“

вели градоначалникот на Куманово и додава дека на градот треба да му се вратат сите институции кои и после децентрализацијата останале под раководство на државата.

Градоначалниците се надеваат дека во соработка со ЗЕЛС и со Владата ќе ја запчнат и третата фаза од децентрализиацијата, за да можат граѓаните да ги почуствуваат благодетите на една локална самоуправа блиска до народот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG