Достапни линкови

Разнишани коалиции?


Лидерите на најголемите политички партии
Лидерите на најголемите политички партии

Конституирањето на советите на општините покажува разнишаност на опозицискиот блок на локално ниво. Експертите во изјавите на ДУИ препознаваат и „затегнатост“ во односите во владеачката коалиција на централно ниво

Оценка непринципиелност добија коалиционите партнери на СДСМ, ЛДП и НСДП по гласањето од страна на овие две партии за Владимир Здравев за претседател на Советот на град Скопје. Овој пример на нелојалност кон политичкиот сојузник по локалните избори не е единствен. Тој е овозможен според експертите од автономија на локалните политичари кои особено помалите партии им ја дозволуваат на своите членови а нивните мотиви можат според нив да бидат различни.

„Понекогаш имаат и поинакви мислења, но понекогаш може да преминат на друга страна. Самите партии на власт, понекогаш или ги купуваат или им нудат услуги за возврат, поради кои ги поддржуваат на локално ниво.“

вели аналитичарот Емил Атанасовски кој потсетува и дека подршка на локално ниво особено се губи меѓу колаиционите партнери ако се тргне веќе оттаму што на пример во Струга ДУИ не може да се надева на поддршката од ВМРО. Но несогласувањата меѓу ДУИ и ВМРО според него позиразито започнуваат уште во текот на претседателската кампања кога се изјаловија очекувањата за поддршка во вториот круг што само продолжува да ја потенциера нивната инкомпатибилност по идеолошка и по секоја друга основа и прагматичност при опстанување во колаиција.

„Ако ги погледнеме последните изјави на потпретседателот на Собранието за брзо решавање на спорот со името и ако ги погледнеме внатрешните случувања во ДУИ, значи таму има несогласувања, ова е индикација дека нешто во таа коалиција не штима и мислам дека е предвесник на некои други промени коишто може да се случат во следниот период.“

додава Атанасовски. Локалните избори пак , како што анализира Алберт Муслиу ги поттикнаа бранувањата во владината колаиција и во наредниотв период тој очекува нарушување на односите меѓу колаиционите партнери или барем заострување на реториката во меѓусебната комуникација. Новите политички сили кои постигнаа успех меѓу албанските гласачи според него се очекува да го нарушат комодитетот на ДУИ пред се поради послабите резултати на изборите и поради се посилните критики дека нејзината улога во Владата е се попасивна:

„Така што, мислам дека или ќе се заостри реториката меѓу коалиционите партнери или на ќе се заостри реториката на опозициските албански лидери. Така што во секој случај ќе имаме испливување на прашања кои имаат меѓуетнички предзнак.“

вели Муслиу. Сито овие движења според аналитичарите ќе бидат пред се под влијание на настаните кои ќе се случуваат во контекст на нашето НАТО и ЕУ интегрирањето за што ќе треба да се почека есенскиот извештај на ЕК.
XS
SM
MD
LG