Достапни линкови

Виена најдобар град за живеење, Скопје на 151 место


Скопје е рангиран на 151. место на годинашната листа најдобри градови за живеење во светот што традиционално ја изработува глобалната консултантска куќа „Мерсер“. Македонскиот главен град лани беше на 154 место. Најдобар град за живеење во светот е австриската престолнина Виена, а по неа се швајцарските Цирих и Женева. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на „Мерсер“ се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. И на оваа листа најдобро рангиран град во регионот е Љубљана, на 95 позиција. Пред Скопје се уште и Атина и Загреб, а полошо пласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана. Последното место и на овоаа ранкинг листа го зазема Багдад. „Мерсер“ ги врши рангирањата според конкретни критериуми како што се политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности... Во конкуренција годинава биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215.
XS
SM
MD
LG