Достапни линкови

Македонија и Грција за прекуграничната соработка


Денеска во Солун ке биде одржан прв заеднички Мониторинг комитет на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Како што соопшти Канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, целта на состанокот е примена на програмата за поддршка на проекти во пограничните региони на двете земји, финансирани преку ИПА фондовите. Реализацијата на проектите треба да придонесе за засилена прекуграничната соработка и одржлив локален развој. На средбата ќе учествуваат високи претставници од двете влади, како и претставници од граѓанскиот сектор.
XS
SM
MD
LG