Достапни линкови

СЗО - Ширењето на вирусот на свински грип не е нешто што е неизбежно


Светската здравствена организација соопшти дека можното развивање на вирусот на свински грип во пандемија, не е нешто што е неизбежно. Но, Кеиџи Фукуда помошник директор на СЗО сепак посочи дека земјите треба да бидат подготвени од евентуална пандемија. Од вирусот во Мексико досега починаа над 150 лица, а тој е регистриран во Соединетите држави, Канада, Нов Зеланд, Британија, Шпанија, и Израел. Во меѓувреме расте списокот на земји каде се вршат испитувања поради сомневање за присустност на вирусот. Агенциите јавуваат дека во Германија се врашат тестирања кај три лица, во Франција се испитуваат 20 лица, прв сомнителен случај е забележан и во Австрија, во Австралија пак се пријавени 70 можни случаи, а испитувања се вршат и во други земји.
XS
SM
MD
LG