Достапни линкови

Сејдиу за протестите во сверно Косово го обвинува Белград


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу денеска изјави дека последните инциденти на северот од Косово, се диригирани од Белград. Тој посочи дека е потребно да се изврши меѓународен притисок врз Србија за да се ,,сопре ширењето на конфликтот“ во северно Косово, до кој доаѓа поради директно мешање на оваа земја. Деновиве српското население од северниот дел на Косовска Митровица оддржува протести против обновувањето на албански куќи во тој дел од градот, поради што за смирување на тензиите реагираше и полицијата на ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG