Достапни линкови

Русија и Бугарија ќе го потпишат договорот за гасоводот Јужен Тек


Русија и Бугарија наредните недели ќе го потпишат договорот за изградба на гасоводот Јужен Тек, изјавија по денешната средба во Москва рускиот и бугарскиот премиер Владимир Путин и Сергеј Станишев. Повеќе нема несогласувања, кои инаку беа од чисто технички карактер, изјави по средбата Путин. Тој исто така потврди дека Москва има цврста намера да ги исполни своите оврски кои се однесуваат на транзитот на гас преку Јужниот тек.
XS
SM
MD
LG