Достапни линкови

Ирачкиот премиер го потврди апсењето на Абу Омар Ал Багдади


Премиерот на Ирак Нури Ал Малики потврди дека еден од лидерите на Ал Каеда, Абу Омар Ал Багдади, е уапсен од страна на ирачките сили. Терористот Ал Багдади е во рацете на правдата, се наведува во соопшението од кабинетот на ирачкиот премиер. Минатата недела ирачките безбедносни сили соопштија дека уапсиле лице за кое веруваат дека е Ал Багдади, но тогаш информираа дека утврдувањето на идентитетот е сеуште во тек.
XS
SM
MD
LG