Достапни линкови

Утре во Солун состанок за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција


Утре во Солун ќе се оддржи прв заеднички Мониторинг комитет на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Како што соопшти Канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, целта на состанокот е имплементација на програмата за поддршка на проекти во пограничните региони на двете земји, финансирани преку ИПА фондовите. Реализацијата на проектите треба да придонесе за засилена прекуграничната соработка и оддржлив локален развој. На средбата ќе учествуваат високи претставници од двете влади, како и претставници од граѓанскиот сектор.
XS
SM
MD
LG