Достапни линкови

Пакистанските сили ја проширија операцијата и во областа Бунер


Пакистанските безбедносни сили ја прошириле операцијата против талибанските милитанти и во областа Бунер, која што се наоѓа на само 100-тина километри од главниот град Исламабад. Армиски претставници соопштија дека целата на офанзивата е елиминирање и протерување на бунтовниците од оваа област. Пакистанските сили од неделата изведуваат голема операција против милитантите во северо-западните делови на земја.
XS
SM
MD
LG