Достапни линкови

Русија се спротивставува на програмата на ЕУ за „Источно Партнерство“


Русија сака да верува во убедувањето на Европската Унија дека не се обидува да креира свера на влијание во поранешните земји од Советскиот Сојуз, но и натаму не верува во тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешната средба во Луксембруг со шефовите на дипломатии на Унијата. Русија се спротивставува на програмата на Европската Унија за партнерство со Источните земји, што ги вклучува Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина, што ќе биде склучена на самитот на Унијата што на 7-ми мај ќе се оддржи во Прага.
XS
SM
MD
LG