Достапни линкови

Албанија и официјално го поднесе барањето за членство во ЕУ


Албанија денеска и официјално го поднесе барањето за прием во Европската Унија. Албанскиот премиер Сали Бериша ја доставил апликацијата до премиерот на Чешка Мирек Тополанек, чија земја е актуелен претседавач со Европската Унија. Тополанек изрази надеж дека процесот ќе заврши успешно, додавајќи дека пред Тирана претстои долг пат. Освен официјалното барање, Албанија предаде и писмо во кое се наведуваат реформите што земјата досега ги спровела и гаранции дека реформскиот процес ќе продолжи.
XS
SM
MD
LG