Достапни линкови

Македонија се оддалечува од ЕУ?


Скопје
Скопје
Неисполнувањето на реформите во правосудството, недоволното почитување на човековите права, како и неспроведувањето на одредени политички критериуми, според експертите се причините поради кои Македонија се оддалечува од евроатланските структури. Упатените во оваа област велат дека самите создаваме клима оти не сакаме да работиме по европските правила, отворајќи простор за нови, дополнителни критериуми за влез во Унијата.

"Ние сеуште за жал со одредени постапки даваме до знаење дека не сме ги исполниле критериумите од Копенхаген, што се основни критериуми.,,

Вели аналитичарот Махи Несини.
Според Сања Костовска од Центарот за управување и креирање политики пак, прашањето за спорот со името е само оправдување за неспроведувањето на осумте главни одредници кои еврокомесарот Оли Рен и ги достави на земјава минатата година.

,,Потребно е многу повеќе од само техничко исполнување на барањата на ЕУ. Она што нас ни недостига е подобро политичко менаџирање на самиот процес."

Од владата пак уверуваат дека работат во согласност со акциониот план за спроведување на потребните одредници за влез во Унијата. Од
Наместо да се занимаваме со стандардите што ќе не приближат до ЕУ, ние се бавиме со проблеми што ќе не оддалечат
секторот за евроинтеграции велат дека се работи според предвидената динамика и освен спорот со името како главна кочница во овој процес не постојат други пречки за нашето евроинтегрирање. Но, токму критиките кои стигнуваат од Брисел во однос на спорот меѓу владата и ЕВН и настаните околу укинувањето на веронауката од страна на Уставниот Суд, според експертите влијаат врз процесот на забавување на нашето евроинтегрирање.

"Она што највеќе загрижува се сигналите кои што дојдоа вчера од ЕУ и кои што може да ги поткопаат досегашните реформи во судството."

"Наместо да се занимаваме со стандардите што ќе не приближат до ЕУ, ние се бавиме со проблеми што ќе не оддалечат.,,

За разлика од нештата кои не оддалечуваат од влезот во евроатланските структури експертите посочуваат дека Македонија може да се пофали со успешно спроведените реформи во образованието, земјоделството, здравствениот сектор, како и патоказот за визна либерализација. За владата пак главен адут кон нашето евроинтегрирање е посветеноста на овој процес и реализацијата на техничките услови.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG