Достапни линкови

Штедење во девизи наместо во денари


Денари и кредитни картички
Денари и кредитни картички
Граѓаните се повеќе штедат во девизи, избегнувајки го денарот поради стравот од девалвација. Економистите велат дека овој тренд не е штетен за макроекономската стабилност, а банкарите сметаат дека девизите се популарни поради стравот од дестабилизација на домашната валута. Според официјални податоци на Народната банка на Македонија, девизните депозити во изминатииве неколјку месеци се зголемиле за 50 милиони евра, во споредба со минатата година. Денарските дсепозити, пак, се намалени за 80 милиони евра.
Економистите велат дека изборот на девизно штедење пред денарското е предизвикано од страв. Професорот Тихомир Јовановски посочува дека стравот од девалвација на домашната валута ја создава преференцијата за евра и долари.

"Не е прашање на доверба или недоверба, прашање на ефект е. Доколку некој штеди во денари се плаши да не дојде до девалвација или било каква корекција на девизниот курс, нагоре, тогаш ќе изгубат, а ако штедат во евра не ја губат во тој случај супстанцата, си останува иста.,,

Јовановски вели дека ваквиот тренд не е штетен за макроекономската стабилност:

"Нема големи пореметувања, само се менува тоа што помалку се менува она што го пишува законот за пари. Во Македонија
Ако пројде овој страв и психоза, ќе се олабави работата. Затоа што на денарските депозити се даваат подобри камати
пресметувањето и плаќањата да се влечат само од национална валута, бидејќи денарот кај нас е национална валута.,,

Банкарите до сега на неколку наврати посочија дека ним им е битно да се влеваат пари во банките, независно дали во форма на денари или странски девизи. Но, директорот на „НЛБ Тутунска Банка“ Ѓорѓи Јанчевски вели дека граѓаните ги пропуштаат поволностите од денарското штедење

"Ако пројде овој страв и психоза, ќе се олабави работата. Затоа што на денарските депозити се даваат подобри камати.,,

Инаку, засилениот притисок врз девизните резерви поради буџетскиот дефицит постојано ги загрижува граѓаните и експертите дека девалвацијата може да се случи. Сепак, од централната банка до сега на неколку наврати демантираа дека ќе има девалвација и дека истата ќе се случи наесен, како што неофицијално се предвидуваше. Банката во март трошеше од девизните резерви за одржување на стабилноста на курсот на денарот.
XS
SM
MD
LG