Достапни линкови

Подигнат степенот на опасност од свинскиот грип


Светската здравствена организација го покачи степенот опасноста од свински грип на четири, што е за само два степена од прогласување целосна епидемија.

Здравствените работници во Мексико каде што се појави болеста соопштија дека нејзиното пренесување од човек на човек продолжува да се шири.

,,Фазата четири се фокусира врз примена на мерките во согласност со меѓународните санитарни норми. Светската здравствена организација повика на интензивирање на таквите мерки, но во исто време препорачува да не се затвораат границите и да не се ограничуваат меѓународните патувања.,,

Изјави мекисиканскиот министер за здравство Хозе Ангел Кордова. Случаи на свински грип се забележани и во Соединетите држави, Канада, Шпанија и Британија. Повеќе земји во светот почнаа да ги контролираат патниците, а некои воведоа забрана на свинско месо од Мексико и од Соединетите држави и покрај тоа што заразата не се шири преку исхрана. Инаку, во Мексико досега од болеста умреле повеќе од сто и пеесет луѓе. Епидемиолозите посебно се загрижени од тоа што станува збор главно за млади луѓе, група која тешко подлегнува на ваков вид зараза.



  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG