Достапни линкови

logo-print

Подигнат степенот на тревога во светот поради свинскиот грип


Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од пандемија од свински грип на фазата четири од можни шест. Оваа фаза значи дека смртоносниот вирус може да се пренесе од човек на човек и дека постои значителна опасност од пандемија. Официјален претставник на СЗО наведе дека ќе биде потребно од четири до шест месеци да се развие вакцина и дополнителни неколку месеци за да се произведат поголеми количини. СЗО им препорачува на земјите да не ги затвораат границите ниту да го ограничуваат патувањето на своите граѓани поради свинскиот грип .
XS
SM
MD
LG