Достапни линкови

Превентивни чекори за заштита од свинскиот грип


Фамилија во Мексико

Фамилија во Мексико

Министерството за земјоделство забрани увоз на живи свињи од сите земји во Македонија. Се врши и превентивен надзор на патниците кои доаѓаат од американскиот континент. Министерството за здравство ја следи ситуацијата во светот

Минситерството за земјоделство презеде мерка за забрана на увозот на живи свињи од сите земји и зголемување на контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип. Властите потврдуваат дека на територијата на Македонија се преземаат и превентивни чекори за надзор на патниците кои доаѓаат од американскиот контнент, како и ветеринарна контрола на движењето на свежо или замрзано свинско месо од други земји. Според досегашните сознанија од СЗО, болеста не се пренесува преку консумирање свинско месо и негови преработки, доколку е соодветно термички обработено на температура над 70 степени целзиусови вели Др Јованка Костовска од министерството за здравство :

Иако многу е тешко да се пренесе преку консумирање на месо, сепак месото треба да термички да се обработува, исто така треба да бидеме будни случајно да не се ,,увезе“ од надвор некој случај на заболен кој што престојувал во земјите каде што е регистиран вирусот.

Министерството препорачува да се почитуваат и општите мерки, кои важат за превенција на други респираторни заболувања, како што се настинка и обичен грип. Исто така, потребно е да се почитуваат основните хигиенски марки,
Вирусот кој почна да се шири во светски рамки предизвика вниамние и кај сопствениците на фармери, за кои како што вели Ефтим
За сега нема простор за паника, доколку евентуално се забележат некои случаи во Европа, тогаш има мерки за птичји грип бидејќи се работи за вирус од иста фамилија и ќе се преземат потполно истите мерки
Шаклев од Здружените на фармер , непознаница е дали и тие треба да преземат мерки за заштита.

„Треба да ни кажат што треба да направиме, треба да ни кажат како се шири таа зараза, што треба да направиме, какви посебни мерки на заштита треба да преземе, апсолутно ништо не знаеме.“

Постојано ја следиме ситуацијата и контактираме со Светската ветеринарна организација. Доколку Европската комисија донесе какви било мерки за заштита од свинскиот грип, ќе ги следиме препораките, велат во минситерството за земјоделство. Според проф Методија Трајчов од Земјоделскиот факултет во Скопје засега нема место за паника мегу домашните фармери бидејки вирусот не е присутен во европските земји.

„За сега нема простор за паника, доколку евентуално се забележат некои случаи во Европа, тогаш има мерки за птичји грип бидејќи се работи за вирус од иста фамилија и ќе се преземат потполно истите мерки. “

Вируисот на свинскиот грип е комбинација на човечки, свински и птичји грип. Станува збор за болест на дишните патишта кај свињите која не е регистрирана кај нас, вели Др Костовска

„Сме немале кај нас. Во европските земји бил забележан во Италија, Шведска и во Англија, како и во Америка . Но, тоа биле ретки случаи, но сега имаме состојба на мутиран вирус кој не се пренесува само од заболена свиња на здрав човек туку и од човек на човек.“

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG