Достапни линкови

Браун денеска ги посети Авганистан и Пакистан


Британскиот премиер Гордон Браун по посетата на Авганистан, допатува во Пакистан во рамки на неговата турнеја за новата стратегија за борба против екстремистите во овој регион. По средбите со пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Јусуф Реза Џилани, Браун изјави дека е отворено ново поглавје во борбата на двете земји против тероризмот. Претходно при ненајавената посета на Кабул, британскиот премиер оствари средба со авганистанскиот претседал Хамид Карзаи каде нагласи дека новата стратегија за борба против екстремизмите е неопходна.
XS
SM
MD
LG