Достапни линкови

Светот презема мерки за спречување на ширењето на свинскиот грип


Комесарот за здравство на Европската Унија Андрола Василиу испрати предупредување до европските граѓани да не патуваат во области каде е регистриран вирусот на свински грип. Американскиот претседател Барак Обама пак, во Вашингтон изјави дека вирусот е причина за загриженост, но дека сепак ситуацијата не е алармантна. Од овој тип на вирус во Мексико починаа над 100 лица, а тој е регистиран и во Канада, Соединетите Држави и во Шпанија. Контрола на патниците се дел од мерките што ги преземаат властите во светот, за спречување на ширење на вирусот.
XS
SM
MD
LG