Достапни линкови

Три лица загинаа во акција на турската полиција против екстремистите


Три лица загинале во денешната четири часовна престрелка во Истанбул меѓу полицијата и курдски екстремиси, соопшти турската полиција. Судирите започнале откако рано изутрината, полицијата започнала рација во повеќе стамбени згради против активисти на левичарската групација „Револуционерни штабови“ поврзана со Курдската Работничка Партија. Полицијата успеала да го убие лидерот на екстремистичката група, но во престрелката загинал и еден полицаец, случаен минувач, а повредени се осум лица. 40 лица биле уапсени во акцијата.
XS
SM
MD
LG