Достапни линкови

Свинскиот грип ги поткопа надежите за подобрување на глобалната економија


Шпанските здравствени власти потврдија денеска дека прв случај на заболен од вирусот на свински грип е регистиран во земјата. Европската Унија повика на итни разговори на министрите за здравство за превентивни мерки за справување со вирусот, од кој во Мексико досега починаа над 100 лица, а е регистриран и во Соединетите Држави, Канада и Нов Зеланд. Агенциите јавуваат дека стравот од ширењето на вирусот и можната глобална епидемија, се одразува врз надежите за можно скорешно заздравување на светската економија. По веста за свинскиот грип, забележан е пад на цената на нафтата и на акциите на азиските берзи.
XS
SM
MD
LG