Достапни линкови

logo-print

Во Ирак убиени членови на Ал Каеда


Американските сили во Ирак убиле седум осомничени членови на Ал Каеда во судирите во градот Дулија, северно од Багдад. Во операцијата биле уапсени уште 17 бунтовници. Коалиционите сили ја започнале операцијата вчера изутрината, а целта била пронаоѓање и апсење на бомбаши самоубијци кои се криеле во оваа област.
XS
SM
MD
LG