Достапни линкови

Македонија останува без дипломатски односи со Косово


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Од МНР велат дека Македонија ќе воспостави дипломатски односи со Косово во најповолен момент. Аналитичарите оценуваат дека МНР балансира во односите меѓу Белград и Приштина. Тие предупредуваат дека Косово може да ги влоши односите во владеачката коалиција

Македонија ќе воспостави дипломатски односи со Косово тогаш кога државните врвови на двете земји ќе проценат дека е најповолен момент. Вака од македонското министерство за надворешни работи го објаснуваат одолговлекувањето на овој процес и покрај тоа што
Да не се воспостават дипломатски односи е производ на обид за баланс. Да се задоволат, до некаде, желбите и апетитите на двете страни
Македонија ја призна независноста на Косово пред повеќе од седум месеци. Од МНР велат дека техничките подготовки за овој чин се при крај, но дека временски рок кога тоа ќе се случи не може да се одреди. За политичките аналитичари пак, главната причина поради која земјава се уште не го сторила тоа е балансирање на односите со Белград и Приштина.

„Да не се воспостават дипломатски односи е производ на обид за баланс. Да се задоволат, до некаде, желбите и апетитите на двете страни. Значи, да се оди со признавање на Косово како држава, меѓутоа да се почека малку со воспоставување дипломатски односи и прво да се види каква ќе биде реакцијата на меѓународната заедница, колку држави ќе го признаат итн.“

вели политикологот Илија Талев

И аналитичарот Алберт Муслиу смета дека земјава треба што побрзо да го заврши тој процес. Доколку таа ги затопли односите со Србија и многу скоро назначи амбасадор во Белград, тоа вели Муслиу може да предизвика негативни реакции кај албанската заедница во Македонија.

„Тој баланс се нарушува со овој потег. Второ, имавме апстинирање на Република Македонија за предметот на Косово во Хаг и тоа може да
Албанската страна во владината коалиција притиска за воспоставување на дипломатски односи со Косово што е можно поскоро. Не можеме да го занемариме фактот што Србија е сериозен економски партнер
провоцира реакција.“

Одолговлекувањето на овој процес неколку пати досега предизвика реакции и кај владиниот коалициски партнер, Демократската Унија за интеграција. Од оваа партија изразија незадоволство поради тоа што Македонија се уште нема дипломатски односи со Косово. Експертите предупредуваат дека ова прашање би можело да ги влоши односите во владината коалиција:

„Албанската страна во владината коалиција притиска за воспоставување на дипломатски односи со Косово што е можно поскоро. Не можеме да го занемариме фактот што Србија е сериозен економски партнер.“
„Во секој случај тоа е прашање што сериозно ги тангира како владеачките албански партнери, така и другите албански партнери и Албанците во целина во Македонија.“

велат Талев и Муслиу

Во моментот на Косово функционира македонската канцеларија за врски со која раководи Стојан Карајанов. Од друга страна течат подготвките за акредитирање и официјално именување на Љубиша Георгиевски како нов амбасадор на земјава во Белград. Македонскиот амбасадор во Белград беше протеран по признавањето на Косово од страна на Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG