Достапни линкови

Проценките на ММФ за пад на економијата - реални


Владина делегација на средба со извршниот директор на ММФ во Вашингтон
Владина делегација на средба со извршниот директор на ММФ во Вашингтон

Според експертите проценките на ММФ за пад на македонската економија од два насто годинава се реални. Тие сметаат дека дополнителен проблем е што не се гледа што ќе биде поттик за раст на стопанството по завршувањето на кризата

Предвидувањето на Меѓународниот монетарен фонд за негативен раст на економијата во земјава е реално проценуваат упатените. Фондот процени дека растот годинава ќе биде минус два отсто, а во 2010 година Бруто домашниот производ ќе порасне за еден процент.
И во теоријата, кризите брзо доаѓаат, но споро трендот се враќа во позитивна насока. Ќе имаме стагнација, се додека нови трендови не се видат во светската економија
Професорот Џевдет Хајредини вели дека проценката на меѓународната организација е соодветна.

„Прогнозите на меѓународните финансиски институции, особено ММФ се совпаѓаат целосно.“

Хајредини очекува дека рецесијата во земјава нема да помине лесно

„И во теоријата, кризите брзо доаѓаат, но споро трендот се враќа во позитивна насока. Ќе имаме стагнација, се додека нови трендови не се видат во светската економија.“

Владо Глигоров од Виенскиот институт за економија вели дека рецесијата во македонија веќе се чувствува во реалниот сектор, посебно кај извозно ориентиртаните компании

„Се намалуваат приходите од извоз. Се очекува и намалување на потрошувачка, луѓето ќе штедат повеќе.“

Глигоров посочува дека финансискиот сектор за сега е стабилен, но според него, банките не се имуни на ефектите од рецесијата
Проблемот може да настане доколку се исцрпат резервите на централната банка. Тогаш може да дојде и до поголема криза, ако мора да се корегира курсот или да се води порестриктивна монетарна политика


„Проблемот може да настане доколку се исцрпат резервите на централната банка. Тогаш може да дојде и до поголема криза, ако мора да се корегира курсот или да се води порестриктивна монетарна политика.“

Експертите се согласуваат дека рецесијата нема да трае повеќе од една година, но проблем ќе бидат ефектите од кризата и повторното поттикнување на растот. Глигоров вели дека ќе треба време додека земјава се опорави од ефектите од светската криза:

„Поголем проблем е посебно кога станува збор за македонското стопанство што не се гледа од каде ќе дојде поттикот за раст кога овие моментни кризни моменти ќе завршат.“

Владата излезе со мерки за справување со кризата и трага по извори на стрнанско финансирање. Неофицијално, ММФ е сепак во игра, но надежите се дека заемот од фондот ќе биде во форма на кредит, без строги контроли на трошењето.
XS
SM
MD
LG