Достапни линкови

logo-print

Над 100 починати од свински грип во Мексико


Над 100 луѓе умреле во Мексико од појавата на вирусот на свински грип во минатата недела. Потврдени заболувања од овој вирус има и во Соединетите Држави, Канада, во Европа и Нов Зеланд. Властите во Мексико ги откажаа сите јавни собири и ги повикаа луѓето да останат во своите домови, а во Соединетите Држави се воведени контроли на аеродромите. Комесаријатот за здравство на Европската Унија повика на итен состанок на министрите за здравство за можните превентивни мерки. Светската здравствена организација соопшти дека светот е подготвен за спречување на евентуалната пандемија.
XS
SM
MD
LG