Достапни линкови

logo-print

СЗО подготвува вакцини против свинскиот грип


Светската здравствена организација објави дека светот денеска е многу поподготвен да се справи со потенцијалната епидемија на свински грип, отколку што тоа беше пред пет години кога се закануваше птичјиот грип. Генералниот директор за здравствена безбедност на СЗО, Кејли Фукуда, рече дека оваа организација и нејзините партнери веќе започнале да подготвуваат вакцини против свинскиот грип ако тоа биде потребно. Од мутиран тип на свински грип веќе починаа над 100 лица во Мексико и неколку десетици во САД.
XS
SM
MD
LG