Достапни линкови

Протести на протераните Албанци од Грција


Здружението „Чемерија“ на протераните Албанци од областа Чемерија во Грција, денеска во Тирана одржале протест, барајќи главна тема на разговорите кои ќе ги води премиерот Сали Бериша со неговиот гостин, грчкиот премиер Костас Караманлис, да биде решавањето на нивното прашање. Како што јавува МИА, стотици Албанци од овој регион протестирале на плоштадот Скендер Бег во Тирана. Караманлис треба да допатува во официјална посета на Албанија.
XS
SM
MD
LG