Достапни линкови

Клинтон упати порака за фер избори во Либан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека затоплувањето на односите меѓу Соединетите Држави и Сирија ,,никогаш“ нема да се случи на сметка на Либан. Клинтон која денеска допатува во ненајавена посета на Бејрут, се сретна со либанскиот претседател Мишел Сулејман. Нејзината посета на Либан доаѓа додека земјата се подготвува за парламентарните избори, на кои се гледа како на можност за евентално водство на милитантното движење Хезболах. Таа апелираше до граѓаните во Либан во јуни да спроведат слободни и демократски избори и без како што рече ,,надворешни мешања“.
XS
SM
MD
LG