Достапни линкови

logo-print

Хилари Клинтон во ненајавена посета на Либан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Либан, што е нејзина прва посета на земјата од преземањето на функција. До нејзината ненајавена посета на Бејрут доаѓа во момент додека Либан се подготвува за парламентарните избори, на кои се гледа како на можност за победа на шиитската милитантна група Хезболах, која ја поддржуваат Сирија и Иран. Клинтон пред посетата изјави дека Соединетите Држави ќе продолжат со поддршката на ,,модерните сили“ во Либан. Американскиот државен секретар во Бејрут пристигна по вчерашната ненајавена посета на Ирак.
XS
SM
MD
LG