Достапни линкови

Новиот тип на вирус се заканува да прерасне во глобална епидемија


Светската здравствена организација предупреди на можност од глобална епидемија, поради појавата на нов тип на грип, од кој досега во Мексико се претпоставува дека починале околу 80 лица, а илјада се заразени. Светската организација ги повика сите земји интензивно да ги следат необичните појави на болест, сличен на грип и тешко воспаление на белите дробови. Така наречениот ,,свински грип“ А/Х1Н1 е регистриран и во Соединетите Држави. Досега се забележани 11 случаи во Калифорнија, Канзас и Тексас, и меѓу осум ученици од Њујорк.
XS
SM
MD
LG