Достапни линкови

Вашингтон го критикува реактивирањето на севернокорејската нуклеарна програма


Соединетите Држави ја критикуваа одлуката на Северна Кореја за реактивирање на нуклеарната програма и го повикаа Пјонгјанг да се врати на меѓународните разговори за денуклеаризација на земјата. Портпаролот на Стеј Департментот Меган Метсон изјави дека Вашингтон ,,нема да ја прифати Северна Кореја како држава која поседува нуклеарно оружје.“ Соопштението доаѓа откако вчера Северна Кореја соопшти дека повторно ја активирала нуклеарната постројка Јонгбјон.
XS
SM
MD
LG