Достапни линкови

Претседателот на Белорусија Лукашенко денеска во Италија


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, денеска ќе допатува во Италија, што е ретка посета на белорускиот лидер на некоја странска земја. Лукашенко, чија недемократска политика Западот ја осудува, во Рим ќе се сретне со министерот за надворешни работи Франко Фратини, а се очекува во Ватикан да оствари средба и со Папата Бенедикт 16-ти. Лукашенко соопшти дека сака затоплување на односите со Западот, поради што првично Европската Унија укина дел од визната забрана за претставници од Белорусија и започна разговори со Минск по прашања од областа на транспортот и енергијата.
XS
SM
MD
LG