Достапни линкови

Во Прилеп убиен полицаец


Во Прилеп рано изутрината бил убиен 44-годишен полицаец, од страна на негов колега. Полицаецот Рубинчо Здравевски го убил својот колега Гвозден Мирчески, со шест куршуми од пиштол, по меѓусебна расправија пред еден ноќен клуб во градот. Убиство и во Охрид. Полицијата информираше дека рано изутрината со повеќе убоди од нож била убиена 24 годишната Анита Танеска. Од Секторот за внатрешни работи од Охрид по првичните оперативни активности како главен осомничен за делото го посочуваат нејзиниот сопруг Зоран Танески.
XS
SM
MD
LG