Достапни линкови

Клинтон на средби со ирачките власти во Багдад


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ненајавено допатува во Багдад, што е нејзина прва посета на земјата од преземањето на функцијата. Клинтон изјави дека последните насилства во Ирак, каде во изминативе денови во самоубиствени бомбашки напади загинаа повеќе од 150 лица, покажува дека екстремистите стравуваат дека земјата се движи во вистинска насока. Таа исто така рече дека ирачката влада постигнала импресивен прогрес, но оти постојат некои сили кои очигледно не сакаат напредок. За време на посетата, Клинтон во Багдад се среќава со ирачкиот претседател Џалал Талабани и премиерот Нури Ал Малики, како и со командантот на американските трупи во Ирак генерал Реј Одиерно.
XS
SM
MD
LG