Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Ирак


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон
Хилари Клинтон денеска пристигна ненајавено во Багдад во прва посета на Ирaк како американски државен секретар. Таа изјави дека со американскиот командант Генерал Реј Одиерно разговара за безбедносната ситуација, а има средби и разговори и со Претседателот Џалал Талабани и со Премиерот на Ирак Нури Малиќи. Нејзината посета доага два дена по смртоносните напади во Ирак во кои загинаа над 150 лица. На новинарите кои патуваат со неа, Клинтон им изјави дека последните напади покажуваат дека екстремистите стравуваат бидејки земјата се движи во вистинска насока. Клинтон изјави дека не гледа знаци дека земјата се враќа назад кон верското насилство и изрази подршка за напорорите на ирачката влада. Во Багдад Клинтон изјави дека и покрај планот за повлекување на американските трупи, Соединетите Држави остануваат посветени на Ирак:


„Претходната администрација се согласи на повлекување на нашите трупи и ние го поддржуваме тоа. Сакаме да го направиме тоа на целосно одговорен и безбеден начин и секако да ја прошириме нашата соработка со луѓето и владата во Ирак, да им помогнеме на властите за воспоставување на владеење на правото и да му помогнеме на цивилното општество.“

Ирак - по последните напади











Американскиот Претседател Барак Обама кој го посети Ирак пред 2 недели предупреди дека следниот период од 18 месеци ке биде критичен за Ирак. Американските сили треба да се повлечат од големите градови до крајот на јуни годинава согласно договорот меѓу Вашингтон и Багдад.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG