Достапни линкови

logo-print

Ставревски и Славевски на средби со ММФ и Светска Банка во Вашингтон


Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески денеска и утре во Вашингтон на претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка ќе им ги претстават најновиот пакет мерки на Владата и ребалансот на Буџетот за 2009 година, јави МИА. Министерот Славески во Вашингтон изјави дека во моментов Македонија нема потреба од некој пообврзувачки аранжман со ММФ и додаде дека доколку годинава се влоши економската ситуација ќе се побара поблиска соработка со фондот. Во врска со најновите проекции на ММФ за раст од минус два проценти во Македонија, министерот Славески рече дека Фондот новите проекции ги базира на општата состојба во светот како целина.
XS
SM
MD
LG