Достапни линкови

logo-print

Странските инвестиции во иднина уште поскромни


Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на фабриката на Сведмилк

Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на фабриката на Сведмилк

Странските компании имаат недостиг на свеж капитал и тешко може да се очекуваат нови инвестиции, велат економистите. Надлежните пак велат дека интересот за Македонија не е намален и дека компаниите се позиционираат за инвестиции по завршувањето на кризата

Странските инвестиции ќе бидат поскромни во иднина, се согласуваат надлежните и упатените. Поради светската економска криза не може да се очекуваат поголеми странски приливи на сретства, предупредуваат експертите. Од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, пак, тврдат дека странските инвеститори се позиционираат на македонскиот пазар за да инвестираат откако ќе заврши кризата.

Граѓаните не се оптимисти за економскиот развој на земјава, не очекувајки дека работите ќе се опорават.

Седиштето на Ситигруп во Њујорк, недостигот на свеж капитал во светот се рефлектира врз инвестициите во Македонија
„Вакво нешто не ми виделе очи никогаш, никогаш, ова е уби боже!“
„До сега, сме имале прилика повеќе гарнитури политичари да ветуваат нешто. После извесно време сведоци сме дека многу малку се
Постои група компании кои моментот на светска економска криза го гледаат како можност и излез од кризата, како тие да се позиционираат веднаш по завршувањето на кризата и започнување на економиите, како тие да имаат нова локација и дестинација, каде што ќе се поефтини, поконкурентни и подобро ситуирани на пазарот
исполнува од тоа што го ветуваат.“
„Тие си решаваат сами, како што ќе им текне, не почитуваат ниту закон ништо.“

Додека граѓаните се видно загрижени за иднината, од надлежните инсититуции уверуваат дека Македонија не е комплетно прешкртана од листата на потенцијалните странски инвеститори. Директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Виктор Мизо вели дека странските инвеститори се уште изразуваат интерес за Македонија, позиционирајки се на Македонскиот пазар за да инвестираат кога кризата ќе заврши

„Постои група компании кои моментот на светска економска криза го гледаат како можност и излез од кризата, како тие да се позиционираат веднаш по завршувањето на кризата и започнување на економиите, како тие да имаат нова локација и дестинација, каде што ќе се поефтини, поконкурентни и подобро ситуирани на пазарот. И од таа гледна точка, ако земеме во последните шест месеци, бројот на компании кои доаѓаат и ги гледаат можностите за директни инвестиции во Македонија воопшто не е намален од она што се случуваше на, да кажеме, крајот на летото, или почетокот на есента, дури во некои случаи имаме и мало зголемување на бројот на компаниите кои сакаат да ги согледаат можностите.“

Мизо додава дека за сега има една компанија која во слободната економска зона Бунарџик е заинтересирана за изградба на фабрика во која ќе се произведуваат ЛЦД телевизори и компјутери:

„Компанијата е joint venture, корејска и кинеска фирма, заедничка инвестиција во фабрика која ќе произведува ЛЦД телевизори, монитори, деск топ и лап топ компмјутери. Од нивна страна е завршен процесот. Следно е да се доврши договорот што се потпишува со институциите на државата, за закуп на земјиштето и за сите бенефиции кои се нудат во технолошко индустриската зона. Очекуваме процесот да заврши до крајот на април, почетокот на мај, а тие пролетва ќе започнат со активности за изградба на нивниот иден објект во Македонија“

Експертите, од друга страна, сметаат дека не може да се очекува нов прилив на странски инвеститори. Кога матичната земја на
Македонија има мали шанси да привлече нови инвеститори. Македонските инвестиции се фокусирани на сектори кои се силно погодени од кризата: автомобилската индустрија, рударството, текстилната индустрија, и индустријата за преработка на комодитети - сите овие сектори се соочени со најголемата контракција во изминативе 70 години и мали се шансите да инвестираат свеж капитал
инвеститорот е во криза, тој не може да се шири во странство, тврди економскиот аналитичар Сем Вакнин

Германската берза - инвеститорите очекуваат западните берзи први да забележат раст
„Македонија е мал и занемарлив актер во глобалната економија. Ова има и добри и лоши страни. Добрата страна е што ома помали шанси постоечките странски инвеститори во Македонија комплетно да затворат. Трудот е ефтин, трошоците се минимални и има шанси постоечките инвеститори да ги зачуваат инвестициите за во посткризниот период. Од друга страна, Македонија има мали шанси да привлече нови инвеститори. Македонските инвестиции се фокусирани на сектори кои се силно погодени од кризата: автомобилската индустрија, рударството, текстилната индустрија, и индустријата за преработка на комодитети - сите овие сектори се соочени со најголемата контракција во изминативе 70 години и мали се шансите да инвестираат свеж капитал. Не се ни големи шансите да имаат широки погледи кон пост кризниот период. Тие се борат за опстанок, и немаат прилив на пари доволен за да ги задржат своите постоечки проекти а камоли да инвестираат.


Вакнин вели дека најдобри перспективи за странски инвеститор во земјава има во информациските технологии

„Долгорочно, Македонија може постепено да се развие во центар за информатички технологии.Во иднина земјава може да обезбедува подршка за обработка на податоци, да нуди сервиси за авиокомпании, да обработува податоци од кредитни картички и да има активности за развој на помали софтверски апликации. Но да се каже дека Македонија е стратешка шанса за компаниите, според мене, е голема заблуда.“

Странските стопанственици со слични мислења како експертите.
Шефот на германската стопанска комора во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија Михаил Шмит вели дека во следниов период поприоритетни треба да бидат домашните инвестиции

„И приоритетот на сите Влади од регионот, како и на бизнис асоцијалциите и стопанските комори како нашата е да ги задржат постоечките инвестиции и да ги довршат проектиоте кои беа иницирани во изминативе неколку месеци или во минати години“

Најперспективни за германските стопанственици во следниов период за германските стопанственици се инфраструктурните проекти

„Очигледно Mакедонија страда од намален извоз од намален извоз од металопреработувачката и текстилната индустрија како и намален интерес за транспортни услуги. Ова се случува поради надворешни влијанија кои не може земјата да ги контролира. Перспективите за германските инвеститори во Mакедонија ги гледам во инфраструктурните проекти и владините програми.“

Експертите до сега неколку пати посочија дека за задржување на постоечките странски инвеститори и за привлекување нови, битна е стабилноста. Шефот на аналитичкиот оддел на германската ДЗ Банк Ханс Јекел посочува дека за странскиот инвеститор битна е макроекономската стабилност.

„Претпоставувам дека во Македонија нема многу неискористен капитал од заштедеди, па би требало да се потпрете на приливи од
Моето прашање е дали инвеститори од Кина или Арабија ја гледаат Македонија како најбезбедно место каде би ги инвестирале своите пари?“
странските пазари. Моето прашање е дали инвеститори од Кина или Арабија ја гледаат Македонија како најбезбедно место каде би ги инвестирале своите пари?“

Берзата во Њујорк, кога ќе заврши главоболката од падот на индексите?
Сепак, домашнмите експерти посочуваат дека макроекономската стабилност е благо нарушена поради кризата. Двата поголеми проблеми, според Марјан Николов од центарот за економски анализи се истиснувањето на приватниот сектор и силните удари по девизните резерви, што се заканува на стабилноста на девизниот курс

„На крајот, се завршува со топење на девизните резерви. Тоа е едниот негативен ефект, а вториот е истиснувањето на приватниот сектор и достапноста на финансиски средства во финансискиот сектор. Бидејќи владата и НБМ ја исцрпуваат ликвидноста и остануваат помалку средства за приватниот сектор, да може да финансираат проекти.“

Дел од сликата за состојбата со странските инвеститори миоже да се добие од македонската берза. Според последниот извештај, учеството на странските инвеститори на официјалниот пазар на берзата во Март е 21,33 проценти или за 0,09 отсто помалкју во споредба со фебруари годинава.
Официјалните податоци од берзанските извештаи покажуваат дека странците повеќе продаваат отколку што купуваат акции. Имено странските инвеститори во март учествувале со 8,11 отсто во купувањето и со 40,74 отсто во продавањето. Домашните инвеститори, од друга страна повеќе купувале одошто продавале. Вкупно 91,89 отсто од купувањето на берзата им припаѓа на домашните инвеститори кои во продажбата учествувале со 59,26 проценти. Директорот на „Илирика Фунд Менаџмент“ Александар Манев вели дека за инвестициските фондови пиоатрактивни се светските пазари

„Фокусот во минатото беше на Источна Европа и на пазарите кои имаат потенцијал за раст и развој. Сега тоа е тотално променето и фондовите инвестираат на берзите во САД, Лондон, Франкфурт. Зошто? Затоа што најпрвин се очекува опоравување на берзите каде што и се случи кризата.“

Инаку во изминатиов период посебно актуелен беше стгранскиот инвеститор „Сведмилк“ кој се ситакна во негативно светло со милионски долгови кон локалните фармери. Додека фармерите формираат здружение, надевајки се дека ќе ги наплатата побарувањата од млекарата, Ттунска базнка веќе ја активираше хипотеката на фабриката поради неисплатени долгови. Меѓу другото, поплаки за нефер услови на Македонскиот пазар пристигаа и од австрискиот ЕВН.
XS
SM
MD
LG