Достапни линкови

Протести на студентите во Хрватска


Хрватската Влада нема да се меша во автономијата на Универзитетот, изјави хрватскиот премиер Иво Санадер откако студенските протести за бесплатно високо образование се повеќе се шират низ земјата. Тој наведе дека за школарината на факултетите решаваат ректорите и деканите. По изјавите на некои од студентските лидери дека протестите не се само за школарина туку изразуваат и незадоволство со општата ситуација во земјата, Санадер порача дека протестите не смеат да се користат во политички цели. Студентските протести траат веќе петти ден откако почнаа во Загреб, а се проширија во Задар, Риека, Осиек и во Сплит.
XS
SM
MD
LG