Достапни линкови

Подготовка на Законот за Собрание


Претседателот на Македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска имаше средба со досегашните претседатели на Парламентот на која било разговарано за најавеното донесување закон за Собрание.
Вељаноски од Стојан Андов, Љубиша Георгиевски, Тито Петковски, Никола Поповски и Љупчо Јордановски сакал да ги чуе мислењата и сугестиите во врска со донесувањето на овој закон, со цел да се изготви квалитетен текст.
Поранешниот претседател на парламентот Стојан Андов, оценувајќи ја иницијативата на Вељаноски како корисна, истакна дека тој и неговите колеги ги изнеле своите ставови и очекуваат дел од нив да бидат вградени во законскиот текст.
Законскиот текст треба да го дообјасни и прецизира делот на односите на Собранието со другите власти и државни органи, а како што појасни Вељаноски, во него нема да има преклопување со сферите кои се регулирани со Деловникот.
XS
SM
MD
LG