Достапни линкови

Тадиќ бара новиот гасовод да минува низ Србија


Западниот Балкан како транспортна крстосница на нафтата и гасот во блиска иднина може да стане мост, кој ќе придонесе за енергетската стабилност на цела Европа, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ на отворањето на енергетскиот форум, што се одржува во Софија.
- Србија како држава, која се наоѓа на крстосница меѓу Централна Европа, Каспискиот Басен и Блискиот Исток, е оптимален регион за изградба на идната енергетска инфраструктура, рече Тадиќ.
Тој нагласи дека Србија се залага за регионален развој и за постојано снабдување со природен гас и поради тоа е важно преку нејзина територија да поминува гасоводот од насока на Бугарија.
XS
SM
MD
LG