Достапни линкови

ОБСЕ: Изборите во Молдавија понедемократски од претходните


ОБСЕ оцени дека изборите што овој месец се одржаа во Молдавија биле понедемократски од оние пред четири години. Во официјалниот извештај се наведува дека во текот на кампањата молдавската влада покренала многу кривични пријави против лидерите на опозицијата за случаи кои биле многу одамна. Исто така ОБСЕ има забелешки и за неажурираните избирачки списоци. На изборите победи Комунистичката партија што предизвика големи протести во Кишињев во кои две лица загинаа, а деведесет беа повредени.
XS
SM
MD
LG