Достапни линкови

Одмрзнуваат односите меѓу Загреб и Белград?


Претседателите на Србија и на Хрватска Борис Тадиќ и Стипе Месиќ

Претседателите на Србија и на Хрватска Борис Тадиќ и Стипе Месиќ

Најновата анкета покажа дека рејтингот на словенците во Хрватска значително опадна и оти е во пораст угледот на Србија, земја која секогаш беше на последното место.

Аналитичарите со различни мислења во врска со најновиот тренд кај хрватите, односно дека тие сега имаат поголема доверба во граѓаните на Србија, отколку во граѓаните на Словенија. Според Гордан Босанац од Центарот за мировни студии, хрватите всушност успеале само да детектираат нов противник.

,,Гледам дека ова е добар доказ како повторно политичко медиумската машинерија може многу лесно да креира нов противник. Тоа сите го минавме во деведесетите години и мислев дека граѓаните некако ја научија таа лекција и оти нема веќе да се согласуваат на генерализации.,,

Вели Босанац, додавајќи дека медумската кампања успеа на хрватската јавност да и ја наметне Словенија како непријателска земја. Тоа е логично, смета поранешниот шеф на дипломатијата Мате Граниќ, со оглед на словенечката блокада на хрватските преговори со Европската унија:

,,А што се однесува до односите со Белград, неоспорно е е се поголемата стопанска сорбаотка меѓу Хрватска и Србија и оти моментално нема тензии. Освен тоа Хрватска влезе во НАТО и сега не постојат ни безбедносните тензии.,,
Ова е добар доказ како политичко медиумската машинерија може многу лесно да креира нов противник. Тоа сите го минавме во деведесетите години и мислев дека граѓаните некако ја научија таа лекција ...

Шефот на Центарот за политички истражувања Анѓелко Милардовиќ пак потсетува дека двете земји допрва треба да се позанимаваат со решавање на граничните и другите спорови:

,,Кога ќе се отвара таа Пандорина кутија, кој знае како ќе изгледа тој рејтинг.,,

Во Белград со изненадување се гледа на најновото расположение кај хрватите за своите соседи. Добра вест, вели Милан Симурдиќ, поранешен српски амбасадор во Загреб, кој сепак забележува не е добро тоа што причина за таквите промени е проблемот со словенците.

,,Оваа ситуација на вкупната стопанска криза некако може да влијае врз луѓето пореално да ја согледаат важноста на добрососедските односи и регионалната соработка.,,

Директорот на Граѓанската инцијатива Миљенко Дерета забележува дека веќе подолго време немало инциденти или жешка реторика што порано ги карактеризираше односите меѓу двете земји:

,,За мене е многу добар знак тоа што во Белград постојат билбоарди кои повикуваат на летување во Хрватска, а никој уште не напишал нешто на нив. Нешто се менува, можеби предоцна, но и тоа е подобро отколку никогаш.,,

Сепак и покрај поведрите тонови, лошата искуства предупредуваат. Затоа режисерот Горчин Стојановиќ забележува:

,,Доволно е Вук Јеремиќ повторно да се огласи некаде, а тој тоа знае да го прави, па Србија повторно ќе биде најнеомилена кај хрватите.,,
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG